Регулативите се подготвени да се применат.
Усвоените правила ќе стапат во сила откако ќе бидат објавени во Службениот весник на ЕУ во наредните недели.
Европскиот парламент гласаше за трите законски акти на Пакетот за мобилност. Сите предложени амандмани беа одбиени со огромно мнозинство, што значи регулативата беше прифатена. процедурата заврши по 3 години.
Гласањето е усвоено за промени во врска со, меѓу другото, правила за возачи; работно време; тахографи;
Конечно, сите законски акти на Пакетот за мобилност беа прифатени без да бидат изменети.
ШТО ЗНАЧИ ТОА ?
-За превозниците од земјите од Централна и Источна Европа, ова значи зголемена бирократија и тешкотии во управувањето со бизнисот!
-КАКО ИЗГЛЕДА ПАКЕТОТ ЗА МОБИЛНОСТ ?
Возачите треба редовно да се вратат дома
Компаниите ќе треба да гo организираат своjoт распоред, така да возачите во меѓународниот шпедитерски превоз морат да се вратат дома во редовни интервали (на секои три или четири недели во зависност од работниот распоред).
– Задолжителниот редовен неделен одмор не може да се прави во кабината, ако викенд одморот на шоферите не е дома, компанијата мора да плати за трошоци за сместување, во хотел или слично .
– Ке се врши контрола и регистрација на граничните премини, период на влез и излез од секоја држава за да се избегнат каботажни операции.
за ова ке се користат Тахографите на граничните премини за да се избегнат измамите.
-За да се спречи каботажа, ќе има период пауза од четири дена пред да може да се извршат повеќе каботажни операции во истата земја со истото возило.
-За да се борат со злоупотребата на возачите компаниите за транспорт треба да покажат дека тие се значително активни во земјата-членка во која се регистрирани.
-Новите правила исто така ќе бараат камионите да се вратат во оперативниот центар на компанијата на секои осум недели.
-НА КОМБИЊАТА КЕ СЕ ИНСТАЛИРААТ ТАХОГРАФИ :
Користењето лесни комерцијални возила од над 2,5 тони, исто така, ќе биде предмет на правилата на ЕУ за транспортните оператори, вклучително и опремување на комбињата со тахограф.
Остра критика за новите правила!
Минатата недела, 9 земји во заедничкото писмо истакнаа дека одредбите од пакетот за мобилност се подготвени „во сосема друга реалност, што не може да се спроведат на моменталната состојба“. Полска, Бугарија, Кипар, Естонија, Унгарија, Латвија, Литванија, Малта и Романија истакнаа дека регулативата на пакетот е „рестриктивна, дискриминаторска и протекционистичка“.
Според министрите, овие правила ќе ги одведат превозниците од одредени земји надвор од единствениот пазар на ЕУ и ќе наметнат „значајни и можеби непремостливи бариери“.
Правилата треба да се применуваат во рок од 18 месеци по влегувањето во сила на правниот акт.
Правилата за време на одмор, вклучително и враќање на возачите, ќе се применуваат 20 дена по објавувањето на актот.
Правилата за враќање на камионите дома и другите измени во правилата за пристап до пазарот ќе се применуваат 18 месеци по влегувањето во сила на актот за пристап до пазарот.